Создавачи на Историјата во Македонија
Каде? Кога? Како?
Создавачи на Историјата се одржа за прв пат во 2016 година и во Македонија. Семинарот се одржува барем еднаш во годината, во различни места низ државата, како и по барање од различни цркви. Тренингот е базиран на осумте клучни вредности, со чија помош се изградуваат млади Христијански водачи со цел да ја достигнат нацијата со Евангелието.
За време на патувањето ги проучуваме овие осум клучни вредности, дружејки се, употребувајки ја теоријата во пракса и растејки ги меѓусебните одности, со цел да го спознаеме повеќе Господ нашиот Спасител.
Интимност со Бог
Бог бара посветени мажи и жени чие водство произлегува од интимна врска со Бог.
Страст за Жетвата
Бог бара мажи и жени кои споделуваат страст за оние кои се без Христос. Исус дојде да го “бара и спаси загубеното.” Бог посакува секој да биде постигнат со силата на Евангелието која може да ти го промени животот.
Водство со Визија
Бог бара посветени мажи и жени, кои се Библиски посветени да создаваат визија, да поставуваат цели, да го мобилизираат Христовото Тело, и да надминуваат пречки со цел да ги достигнат нациите за Христа.
Културно Соодветна Евангелизација
Бог бара посветени мажи и жени кои го живеат и поучуваат Евангелието соодветно, чуствително и силно според културата, за да вечната вистина на Евангелието е разберена и прифатена во секоја култура во светот.
Множење на Водачи
Бог бара посветени мажи и жени кои поучуваат, тренираат, именторираат други водачи, кои исто така стануваат водачи на други водачи кои ефективно тренираат други.
Фамилијата како Приоритет
Бог бара посветени мажи и жени кои се убедени дека фамилијата е Божјата темел за градење на општеството и ја прават фамилијата приоритет на реастечките водачи.
Управување
Бог бара посветени мажи и жени кои се верни управители на финансиите, времето, и духовните дарови во нивните лињни животи и служби, со достигнување на мнозина преку Евангелието, како резултат на тоа.
Интегритет
Бог бара посветени мажи и жени со интегритет кои живеат свети животи кои се одговорни пред Бог и пред Телото Христово. Интегритетот го велича Бог, ги заштитува водачите од пропаст, и охрабрува раст.
-
Кога/каде?
Кога/каде?
-
За кого?
За кого?
-
трошоци
трошоци